Воннаставни активности

Воннаставните активности претставуваат интегрално и мошне значајно подрачје во севкупната воспитно-образовна дејност на центарот.

Училиштето планира и ќе реализира разновидни воннаставни активности што ги одразува потребите и интересите на учениците и служат за поддршка на нивниот личен и социјален развој, како што се на пр.:

При реализацијата на воннаставни активности училиштето ќе обезбеди услови и ќе настојува:

Ученички секции

Низ секциите се создаваат претпоставки за индивидуализација на воспитно-образовниот процес, за задоволување и негување на индивидуалните интереси и способностите на учениците. Преку секциите се постигнуваат значајни воспитно-образовни резултати.

Задачите на секциите се:

Секциите ќе се реализираат во слободното време на учениците и врз основа на соодветни програми.

Во рамките на ова воспитно-образовно подрачје во училиштето во оваа учебна година ќе работат разни секции, како на пр.. следните:

Екскурзии

Ученичките екскурзии се таков облик на воспитно-образовна работа преку кој учениците:

Натпревари

Ученичките натпревари се облик на активности преку кои еден ученик или група ученици се трудат да постигнат подобри воспитно-образовни резултати. Натпреварите имаат значајна улога во развојот на личноста на ученикот. Преку нив се поттикнува и развива интересот на учениците кон одредена активност, па на тој начин се воспоставува активен однос кон наставата и вреднувањето на постигнатите резултати.

Поаѓајќи од постигнатите резултати и вербата во потенцијалите на нашите ученици, се планира нашите ученици да земат активно учество, како и досега, на престојните гастро натпревари (во организација на GATUS, АEHT, BAHA и др., во нашата држава и пошироко во регионот), како и на разни спортски натпревари, литературни конкурси, МАССУМ и др. натпревари што ќе се организираат на локално, национално и меѓународно ниво.

Отворени денови на училиштето

Во периодот од март до јуни 2024 година ќе се одржат отворени денови на центарот, кога ќе се изврши презентација на центарот пред учениците од основните училишта од градот и регионот. Во текот на отворените денови ќе се овозможи посета на Центарот од страна на родители-старатели и деца кои треба да бидат ученици во центарот, за да се запознаат со центарот, образовните квалификации, кадарот и друго. Во реализацијата на отворените денови на центарот активно учество ќе земат поголем дел од наставниот кадар и учениците од сите години и квалификации, при што ќе ги презентираат стекнатите знаења и вештини од областа на готварското и слаткарското работење, барменството и фламбирањето јадења, пречекувањето гости, изработка на POWER POINT презентација, флаери, плакати и др..