Келнер (3г.тр)
Врши подготвителни работи во угостителскиот објект и во салата за послужување и применува кодекс на облекување; пречекува и прима гости, прима порачки и послужува гости со примена на угостителските техники на послужување; приготвува и послужува отворени, флаширани и мешани пијалаци и напитоци; врши пресметка на услуги и испраќа гости; работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работа и услугите, како и извршува работи во согласност со прописите за заштита на работната средина и на околината.