Моето образование-мојата иднина!

ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ-преку кое Ви се обезбедува брзо и директно вработување, сигурна иднина и солидни лични доходи!

Image 1
Image 2
Image 3
Image 4

Образовни профили

Најчесто поставувани прашања

Зошто ние сме вистинскиот избор за вас?

Нудиме дуално образование,учење преку работа кај работодавач,полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот

Како да знам кој профил е за мене?

Во зависност од Вашите интереси и во кој дел на угостителството и туризмот се гледате во иднина , Ви нудиме можност за запишување на 6 профили

Кои се занимањата со тригодишно траење?

Профилите кои се со тригодишно траење се:
келнер,
готвач и
слаткар.

Кои се занимањата со четиригодишно траење?

Профилите кои се со четиригодишно траење се: угостителски техничар, ут за рурален туризам, хотелско-туристички техничар и хотелско-ресторански техничар

Каква диплома добивам?

Со стекнатата диплома во нашиот центар, која воедно е и меѓународно признаена, Ви се отвараат можности да го продолжите Вашето образование на било кој универзитет во нашата земја и ширум светот

Каде ќе сум сместен, доколку доаѓам од друг град?

Регионалниот центар во својот состав има ученички дом, кој се состои од хотелски и ресторански дел со кујна, во кој учениците имаат:
- бесплатно сместување,
- три оброци во текот на денот и
- 24/7 ангажирана воспитувачка и чуварска служба

Што е дуално образование?

Дуален модел на стручно образование претставува системска интервенција за приближување на стручното образование до потребите на пазарот на труд како потреба искажана од страна на економијата, со што се постигнуваат 3 важни цели:
1. зголемена можност за вработување кај младите,
2. се добива образование според потребите на компаниите.
3. се зголемува конкурентноста на компаниите преку вработување на најдобрите ученици.

Дали се учествува на натпревари?

Учениците од Регионалниот центар активно земаат учество на манифестации и натпревари од различен карактер и постигнуваат високи успеси на натпревари од различни области што се организираат на локално, национално и меѓународно ниво: гастро натпревари, спортски натпревари, литературни конкурси, МАССУМ - образовно рандеву и многу други.

Задоволни ученици

Медина Ибраим
Готвач

Вештините стекнати во кабинет и со практичната настава ми овозможија да напредувам во својата професија

Валентин Матоски
Угостителски техничар

Стекнатите знаења ми овозможија да се закитам со голем број на златни медали

Никита Мишевски
Угостителски техничар за рурален туризам

Научив како да организирам културни настани и да изведувам туристички аранжмани во рурални средини

Антонио Мицевски
Келнер

Задоволството на гостите од нашата услуга е секогаш на прво место!